Достапни линкови

logo-print

Лагард-Нема одлагање на исплатата на грчкиот долг


Шефот на ММФ, Кристин Лагард

Шефот на ММФ, Кристин Лагард

Шефот на ММФ, Кристин Лагард ја предупреди Грција дека нема да добие одложување на исплата на долговите додека министрите за финансии на еврозоната предупредија дека бараат план Б доколку земјата не успее да го запази рокот. Министрите во Луксембург денеска разговараат за грчката должничка криза.

Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека се уште е уверена оти Атина, ЕУ и меѓународните кредитори може да постигнат договор. Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис изјави дека неговата земја има морална и политичка должност да постигне договор со кредиторите, но според него, на средбата во Луксембург тешко дека ќе се донесе итно решение.

XS
SM
MD
LG