Достапни линкови

logo-print

Одбележани 200 години од битката кај Ватерло


Во Белгија денеска се одбележа 200 годишнината од битката кај Ватерло, која го означи крајот на доминацијата на Франција во Европа и нејзиниот император Наполеон. Белгискиот крал Филипе ја предводеше церемонијата на која присуствуваа стотици гости и која се одржа во близина на Брисел пред споменикот на местото на битката меѓу француските сили и меѓународната коалиција предводена од британскиот војвода од Велингтон. Во битката која траела половина ден загинаа повеќе од 10 илјади војници.

XS
SM
MD
LG