Достапни линкови

Косово побара ослободување на Харадинај


Косовскиот премиер Иса Мустафа

Косовскиот премиер Иса Мустафа

Косовскиот премиер Иса Мустафа го повика неговиот словенечки колега да побара ослободување на лидерот на Алијансата за иднина на Косово Рамуш Харадинај, кој беше притворен под обвинение од Србија за воени злосторства. Кабинетот на Мустафа соопшти дека тој разговарал со словенечкиот премиер Миро Церар од кого побарал да му дозволи на Харадинај што побрзо да се врати во Приштина.

Во меѓувреме Харадиниај беше ослободен од притвор, но словенечкото обвинителство соопшти дека тој мора да остане во земјата додека не се разјасни дали потерницата по него се уште е активна или не.

XS
SM
MD
LG