Достапни линкови

logo-print

Охрид и Струга заедно до повеќе туристи


Охрид.

Охрид.

Потребна е заедничка промоција на охридско-струшкито регион како една туристичка дестинација, за да се зголеми бројот на туристи, порачуваат туристичките работници.

Охрид и Струга во иднина да се промовираат како една туристичка дестинација која треба да се посети, препорачуваат туристичките работници од тој регион.

За жал засега не ја исполнуваме ни бројката од 10.000 легла, а ако не можеме, тогаш тоа значи и дека не сме некоја значајна туристичка дестинација, рече Блажески.

Крсте Блажески претседател на Хотелската асоцијација на Македонија – ХОТАМ, вели дека хотелските капацитети на охридско- струшкото крајбрежје биле со исполнетост од 70 отсто, но оти поголемиот дел од нив биле празни во текот на останатиот дел од годината поради што се правела стратегија тоа да се промени.

„За жал засега не ја исполнуваме ни бројката од 10.000 легла, а ако не можеме, тогаш тоа значи и дека не сме некоја значајна туристичка дестинација, рече Блажески.

Плажа во Струга.

Плажа во Струга.

Насер Иљази од Секторот за туризам и локален економски развој во Општина Струга, вели дека е потребна заедничка промоција, но и поголема промоција на Струга од страна на државата.

Поатрактивно ќе е ако Струга, Охрид и Подградец заедно се промовираат.

„Треба и заедно и подеднакво да се инвестира во двата града, подеднакво од страна на централната власт. Струга, Охрид и Подградец капацитетот на трите града, на туризмот, на бројот на туристи е 80.000-100.000 секоја година, што навистина е мала бројка. Поатрактивно ќе е ако Струга, Охрид и Подградец заедно се промовираат. Овде е и бродската линија само од Охрид до Подградец, а Струга заостана во тој поглед. Ние не сме за тоа криви, но тоа е политика на централна власт во Охрид и Струга“, вели Иљази.

Зоран Тунтев, туристички водич од Охрид очекува дека и покрај сите проблеми, посетеноста на Охрид и на Струга ова лето ќе биде на задоволително ниво.

„Групите од Полска се засилени и очекувам да доаѓаат во поголем број во однос на минатата година. Она што дознав од хотелиерите е дека мај имаше страшен грч и најголем дел од откажувањата беа од туристи од Бугарија и Србија и од Хрватска делумно. Но она што гледам сега е дека полека и срамежливо се враќаат. Прашуваат и гледаат дека ситуацијата е добра и очекувам да се вратат во оној број во кој ги очекувавме пред почеток на сезоната. Бројот на туристи во Охрид сега е на задоволувачко ниво и очекувам сѐ повеќе гости. Ме радува фактот дека има зголемен број на гости од Холандија, Турција, Полска“, вели Тунтев.

XS
SM
MD
LG