Достапни линкови

logo-print

Могерини: компромис врз основа на договорот од 2 Јуни


Високиот претставник за надворешна политика на ЕУФедерика Могерини изутрината разговараше со македонскиот заменик премиерот Фатмир Бесими.

Како што пишува во соопштението на Могерини, македонскиот заменик премиер ја информирал актуелните случувања во земјата, вклучително и политичката криза како и за напорите на лидерите на најголемите политички партии да постигнат договор за враќање на довербата во државата и нејзините институции.

Високиот претставник Могерини го изразила очекувањето на Европската унија дека интересот на земјата и нејзините граѓани да се стави над партиските интереси.

„Не треба да се штедат напорида се најде траен политички компромис врз основа на договорот од 2 јуни 2015 година во Скопје“.

Могерини, исто така, ја истакна потребата земјата да продолжи со спроведувањето на реформите, кои се од клучно значење за нејзината европска перспектива.

XS
SM
MD
LG