Достапни линкови

Бројот на милионери во светот расте


Бројот на таканаречени доларски милионери во светот лани пораснал за 920 илјади. Во моментов има околу 14 милиони и 600 илјади милионери. Ова го покажува студијата на Кралската банка на Канада. Тоа е шеста година по ред како расте бројот на милионерите. Како главна причина за тоа се наведува растот на вредноста на акциите во неколку клучни земји. Најголем пораст на милионери имало во Индија и сега таму има 198 илјади со што и се приближи на Италија со 219 илјади милионери. Во САД има 4 милиони и 400 илјади милионери по што следува Јапонија со 2 ипол милиони.

XS
SM
MD
LG