Достапни линкови

Србија шокирана од планот на Унгарија за ограда против имигранти


Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека бил изненаден и шокиран од планот на унгарската влада да ја затвори границата со Србија и да подигне ограда меѓу двете земји со цел да ги спречи имигрантите да влегуваат во Унгарија. Претходно во Будимпешта беше најавен почеток на работите за подигнување на четири метарска ограда во должина од 175 километри. „Имиграцијата е еден од најсериозните проблеми со кои се соочува Европската унија денес. Се бараат решенија, но Унгарија не може да си дозволи веќе да чека“, изјави шефот на унгарската дипломатија. Од почетокот на годинава досега во Унгарија влегле околу 54 илјади имигранти.

XS
SM
MD
LG