Достапни линкови

Харадинај пуштен од притвор, но останува во Словенија


Рамуш Харадинај

Рамуш Харадинај

Лидерот на Алијансата за иднина на Косово Рамуш Харадинај синоќа е пуштен од притвор по сослушувањето пред истражен судија во Крањ, но останува во Словенија. Државниот обвинител Маринка Јерај изјави дека Харадинај мора да остане во Словенија додека не се разјасни дали потерницата по него се уште е активна или не. Приштинските медиуми претходно објавија дека тој бил уапсен на љубљанскиот аеродром по потерница на Србија од 2004 година.

XS
SM
MD
LG