Достапни линкови

Собранието за измените на законот за азил


На денешната седница на Собранието на Македонија единствена точка на дневниот ред е расправата за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за азил и привремена заштита, по скратена постапка. Според предложените измени, меѓу другото, се странецот се евидентира и се упатува во рок од 72 часа да поднесе барање за признавање право на азил. Доколку не го стори тоа со него ќе се постапува согласно прописите за странците. Според МВР, од почетокот на годинава, досега, околу 30 мигранти, главно од Сирија и Авганистан, ги загубиле животите во несреќи на македонските пруги. Народниот правобранител го покрена и прашањето за нивниот третман во Центарот за мигранти во скопската населба Гази Баба.

XS
SM
MD
LG