Достапни линкови

logo-print

Иванов: Ќе има решение на политичката криза


„Секој пат треба да бидеме луѓе кои размислуваат позитивно. Мислам дека решение на политичката криза ќе има“, изјави претседателот на Македонија Ѓорге Иванов во интервју за телевизијата „Телма“, коментирајќи ја актуелната политичка криза. Според него, влогот е голем а тоа значи задржување или губење на препораката од Европската комисија за почеток на пристапните преговори за членство во Европската унија. Иванов изрази подготвеност за разговор со политичките лидери. Во врска со случајот со прислушувањето, претседателот Иванов очекува истрагата и судот да го кажат последниот збор. Тој побара разговорите меѓу лидерите на политичките партии да бидат искористени за постигнување и консензус во однос на стратегиските прашања, потенцирајќи го спорот со името.

XS
SM
MD
LG