Достапни линкови

Ахмети оствари средба со Бејли


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети

Политичката криза во Македонија била во фокусот на разговорите меѓу лидерот на ДУИ Али Ахмети и американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли на денешната средба во Тетово. Ахмети, како што информираат од ДУИ, истакнал дека договорот од 2 јуни треба да се почитува од страна на сите потписници и оти треба да се прават напори за прецизно спроведување.

Според Ахмети, договорот предвидува зајакнување на институциите, и зголемување на кредибилитетот и интегритетот на системот што е предуслов, но и европски стандард. Партиските лидери, како што навел тој треба да се надминат себеси и партијата која ја претставуваат и да започнат да размислуваат за земјата, граѓаните и иднина.

XS
SM
MD
LG