Достапни линкови

Средба за источна Украина на 23 јуни


Министрите за надворешни работи на Франција, Германија, Украина и Русија.

Министрите за надворешни работи на Франција, Германија, Украина и Русија.

Француските власти соопштија дека министрите за надворешни работи на Франција, Германија, Украина и Русија ќе остварат средба на 23 јуни на која ќе стане збор за кризата во источна Украина. Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус изјави дека министрите ќе разговараат за имплементацијата на договореното од примирјето во Минск, Белорусија.

Руските власти соопштија дека министерот за надворешни работи Сергеј Лавров телефонски разговарал со неговиот германски колега Франк Валтер Штајнмаер, при што двајцата ја истакнале важноста што побрзо да прекине непријателството во источна Украина.

XS
SM
MD
LG