Достапни линкови

ЕУ ќе ги продолжи санкциите врз Русија


Амбасадорите на ЕУ, според извештаите се согласиле да ги продолжат санкциите врз Русија за уште шест месеци, односно до крајот на јануари наредната година. Министрите за надворешни работи се очекува да ги одобрат санкциите на средбата во Луксембург на 22 јуни. Санкциите врз енергетскиот, одбранбениот и финансискиот сектор на Русија беа воведени во јули минатата година како одговор на руската анексија на Крим и улогата на земјата во конфликтот во источна Украина.

XS
SM
MD
LG