Достапни линкови

Тигар уби човек во Грузија


Мажи ја чистат зоолошката градина по поплавите во Тбилиси.

Мажи ја чистат зоолошката градина по поплавите во Тбилиси.

Еден маж во Грузија бил убиен од тигар, кој избегал од зоолошката градина во Тбилиси. Министерството за внатрешни работи соопшти дека нападот се случил во близина на централниот плоштад и безбедносните сили се обидуваат да го пронајдат животното. Во поплавите кои го погодија градот пред три дена загинаа најмалку 19 луѓе, а шест се водат за исчезнати. Зоолошката градина претрпе големи штети при што многу од животните беа ослободени од нивните кафези.

XS
SM
MD
LG