Достапни линкови

САД не бараат откривање на сета нуклеарна активност на Иран


Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека Вашингтон веќе нема да инсистира од Иран целосно да ги открие своите нуклеарни активности како дел од нуклеарниот договор со таа земја. Кери додаде дека во преговорите со Иран и петте други светски сили, Соединетите држави нема да бараат одговор од Техеран на барањата кои ги постави Меѓународната агенција за атомска енергија за поранешните нуклеарни активности, бидејќи Вашингтон точно знае што тогаш правел Техеран. „Минатото е минато и нуклеарниот договор ќе биде фокусиран врз спречување на Иран во иднина да спроведува активности кои би можело да водат до нуклеарна бомба“, изјави Кери.

XS
SM
MD
LG