Достапни линкови

ЕУ членките без согласност околу имигрантите


Земјите членки на Европската унија не успеале да се договорат околу итниот план за распоредување илјадници бегалци кои доаѓаат преку Средоземното море. Од почетокот на годинава досега во Европа влегле над 100 илјади имигранти, додека скоро 2 илјади се удавиле во тој обид. Најмногу бегалци пристигаат во Италија и во Грција. На разговорите во Луксембург министрите за внатрешни работи на Унијата не се согласиле околу тоа како 40 илјади бегалци рамноправно да ги распоредат меѓу себе со цел да се намали товарот врз Италија и Грција. Итниот план за сместување беше донесен по несреќата на Медитеранот во април годинава кога во близина на Италија се удавија 800 имигранти.

XS
SM
MD
LG