Достапни линкови

Путин не е загрижен за тешкото оружје на истокот на Европа


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не е посебно загрижен од можното распоредување на тешко оружје на НАТО во источниот дел на Европа. „Секако, ние анализираме се и тоа внимателно. Досега не гледаме дека тоа би не натерало да сме посебно загрижени“, изјави Путин по средбата со претседателот на Финска Саули Ниинисто. Тој додаде дека Русија единствено е загрижена за нејзината одбрана. „НАТО доаѓа на нашите граници, ние не одиме некаде“, рече Путин. Претходно тој објави дека Русија до крајот на годинава ќе го зголеми нуклеарниот арсенал за дополнителни 40 интерконтинентални ракети.

XS
SM
MD
LG