Достапни линкови

logo-print

Пушков: Србија во процеп меѓу Русија и Запад


Алексеј Пушков

Алексеј Пушков

Претседателот на Комитетот за меѓународни односи на долниот дом на рускиот парламент Алексеј Пушков оцени дека Србија се наоѓа во процеп меѓу Русија и западните држави, бидејќи сака да влезе во Европската унија, но одбива да воведе санкции спрема Москва. „Србија не е единствената земја во таква позиција, но можеби е највидлива“, изјави Пушков за весникот „Политика“. Според него, моментално на Балканот нема доволно „гориво“ за регионална војна, освен ако, како што рече, „ќе нема некои многу активни надворешни обиди за дестабилизација “.

XS
SM
MD
LG