Достапни линкови

logo-print

Времето денеска: можни поројни дождови


Во Македонија ќе биде променливо облачно, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи наместа и појава на невреме. Повремени врнежи ќе има и преку ноќта особено во јужните делови од земјата. Утринската температура од 10 до 19 степени, а дневната од 24 до 31 степен. Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со зголемена облачност и нестабилност со појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер. Утринската температура до 17, а дневната ќе достигне до 28 степени.

XS
SM
MD
LG