Достапни линкови

logo-print

ДУИ ги демантира СДСМ


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети

Демократската унија за интеграција остро ги демантира сите обвинувања искажани на денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Според партијата, самиот факт што разговорот на претседателот на ДУИ со претседателот на чаирскиот огранок, а кој се однесува за продажба на партискиот имот во Скопје се претставува како криминал, зборува за вистинската намера на прес- конференцијата.

Од ДУИ остануваат на ставот да се објават сите прислушувани разговори за партијата, без притоа, како што наведуваат „да се извртат со цел свесно погрешно интерпретирање и манипулирање со јавноста, истите да се процесираат низ институциите според желбите на опозицијата“.

XS
SM
MD
LG