Достапни линкови

Столтенберг-Опасна реторика на Русија


 Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави денеска дека најавата на рускиот претседател Владимир Путин за дополнително вооружување на војската е потврда за моделот на однесување на земјата. Путин изјави дека војската ќе набави повеќе од 40 нови интерконтинентални балистички проектили во оваа година кои се способни да ги пробијат сите одбранбени системи. Според него, тие се дел од програмата за модернизација на одбраната на земјата. Столенберг нагласи дека Русија користи нуклеарна реторика која е опасна и тоа е една од причините поради која НАТО ја зголемува својата подготвеност за да може да ги одбрани своите земји членки.

XS
SM
MD
LG