Достапни линкови

Египет-Потврдена смртната казна за Морси


Мухамед Морси

Мухамед Морси

Египетскиот суд ја потврди смртната казна за соборениот претседател Мухамед Морси за заговор за бегство од затвор и напад на полицијата за време на немирите во 2011 година. Судот првично го осуди Морси и уште 100 обвинети на смрт во минатиот месец. Морси може да се жали на пресудата.

Претходно судот го осуди Морси на доживотна казна затвор под обвинение за заговор со странски групи. Според пресудата, Морси соработувал со палестинската исламистичка група Хамас и либанската милитантна група Хезболах, како и со Иран.

XS
SM
MD
LG