Достапни линкови

Егзекутирани 7 луѓе во Пакистан


Во Пакистан најмалку седум лица осудени за убиство биле обесени пред да започне светиот месец по повод празникот Рамазан кога традиционално не се извршуваат егзекуции. Пакистанските власти соопштија дека досега биле егзекутирани 160 луѓе откако беше укината забраната за смртна казна во декември минатата година.

Егзекуциите се случиле во централната покраина Пунџаб. Смртната казна во Пакистан беше забранета шест години се додека талибанците не убија 154 луѓе, при што повеќето од нив беа деца во едно училиште во покраината Пешавар.

XS
SM
MD
LG