Достапни линкови

Проевропските партии водат на изборите во Молдавија


Гласањето на изборите во Молдавија.

Гласањето на изборите во Молдавија.

Проевропските партии се во предност пред проруските на локалните избори во Молдавија кои се одржаа пред два дена. Проевропските партии освоија околу 56,5 проценти од гласовите, проруските 31,5 отсто а останатите гласови отидоа за независните политички партии. На изборите се гледаше како на тест за тоа дали земјата ќе остане посветена на евроинтеграцијата или ќе избере да ги зајакне односите со Русија. Вториот круг од изборите ќе се одржи за две недели.

XS
SM
MD
LG