Достапни линкови

logo-print

Државата потроши 2,5 милиони евра за новата фонтана на плоштадот Македонија во Скопје, а во исто време деца умираат чекајќи лекување во странство.

Во момент кога државата се соочува со приоритетни прашања за кои Владата не издвојува пари од буџетот, десетици милиони евра се инвестираат во изградба на нови фонтани и огради за мостови. Некои од последните случувања како смртта на деветгодишната Тамара Димовска која чекаше решение од државата за да замине на операција во странство, предизвикаа револт кај граѓаните. Од друга страна, Владата и Град Скопје за новата фонтана на плоштадот во главниот град потрошија 2,5 милиони евра.

Навистина во овој момент, кога од сите страни доаѓаат предупредувањата дека оваа година нема да се остварат планираните приходи во буџетот на државата, да се вложуваат парите прибрани од граѓаните во некои објекти, кои не само што не се во овој момент приоритет, туку се непотребни воопшто.

Аналитичарот Слободан Најдовски вели дека ова е продолжение на погрешната буџетска политика на Владата којашто девет години ја предводи премиерот Никола Груевски. Тој додава дека поддржува инвестиции во градби, но не политика на трошење на буџетот кога не се почитуваат приоритети.

Тамара Димовска почина чекајќи операција во странство.

Тамара Димовска почина чекајќи операција во странство.

Договорот бил склучен во февруари оваа година, но истиот бил поништен и објавен е повторно нов оглас кој е за 38 илјади евра со повисока сума.

„Навистина во овој момент, кога од сите страни доаѓаат предупредувањата дека оваа година нема да се остварат планираните приходи во буџетот на државата, да се вложуваат парите прибрани од граѓаните во некои објекти, кои не само што не се во овој момент приоритет, туку се непотребни воопшто. Во секој случај тоа е продолжените на политиката којашто се води овие девет години, кога не се почитуваат приоритетите. Затоа кога имаме намалени приходи, тоа нерационално трошење доведува до една нестабилна ситуација во буџетот и постојано зголемување на долгот на Република Македонија“, вели Најдовски, додавајќи дека смета оти на граѓаните од внатрешноста им пречи тоа што од државниот буџет се инвестираат огромни средства во целокупниот проект Скопје 2014.

Извршниот директор на Транспарентност Македонија, Ана Јаневска Делева, вели дека во месец април се распишани нови огласи за проектот Скопје 2014, иако проектот требаше да заврши. Повеќе од 500 илјади евра за ентериерно уредување на конференциска сала во Музејот на ВМРО. Над 134 илјади евра за осветлување на спомен обележја – фонтани и скулптури, иако претходно Град Скопје за таа намена имал склучено договор во износ од 96 илјади евра, вели Јаневска Делева.

„Договорот бил склучен во февруари оваа година, но истиот бил поништен и објавен е повторно нов оглас кој е за 38 илјади евра со повисока сума. Објаснувањата на Град Скопје дека договорот е раскинат поради технички пропусти во претходна тендерска постапка и е распишан нов со сите позиции кои требаше да влезат во јавна набавка за илуминација на спомен обележја – скулптури, фонтани во Скопје. Исто така не треба да се занемарат дополнителните пари за завршување на мостот Слобода кај хотелот Холидеј Ин. За оваа ограда во 2014 година беше планирано и беа обезбедени еден милион и 150 илјади евра, а сега градот потпишал дополнителен договор и цената се зголемила за 260 илјади евра“, вели таа.

Јаневска Делева истакнува дека со поништување на тендерите и договори и со константното зголемување на цените, оставаат простор за сомневање во корупција. Таа смета оти е крајно време премиерот Никола Груевски како политички инспиратор на проектот Скопје 2014, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски да и соопштат на јавноста кога ќе го затворат проектот и да соопштат колкава е неговата конечна вредност.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG