Достапни линкови

Владата ги усвои измените на законот за азил


Мигранти од Сирија со велосипеди на автопатот Велес - Скопје.

Мигранти од Сирија со велосипеди на автопатот Велес - Скопје.

Владата на синоќешната седница ги прифати измените на Законот за азил и привремена заштита со кој се предвидува мигрант што ќе ја помине границата да добие потврда дека во земјава може да остане најмногу 72 часа по што ќе мора да ја напушти Македонија или да побара азил. Измените, според најавата од Владата ќе влезат во собраниска процедура во најбрз можен рок, а се очекува законот да биде донесен до почетокот на следната недела. Со законските измени, мигрантите за време на нивниот престој во Македонија ќе имаат право да користат јавен превоз.

XS
SM
MD
LG