Достапни линкови

Египет-Доживотна казна за Морси


Мухамед Морси

Мухамед Морси

Египетскиот суд го осуди соборениот претседател Мухамед Морси на доживотна казна затвор под обвинение за заговор со странски групи. Според пресудата, Морси соработувал со палестинската исламистичка група Хамас и либанската милитантна група Хезболах, како и со Иран.

Судот ги потврди и смртните казни за други 16 обвинети, најголем дел од нив припадници на партијата на Морси, Муслиманското братство. Тие беа обвинети дека испорачале тајни документи во странски земји во периодот од 2005 до 2013 година.

XS
SM
MD
LG