Достапни линкови

Реконструкцијата на пругата Битола-грчка граница


 Железничка станица Битола.

Железничка станица Битола.

Пругата 26 години беше запоставена и низ неа немаше поминато воз. Проектот чини 21 милион евра

Започна реконструкцијата на железничката пруга од Битола за грчка граница со демонтирањето на шините од стариот колосек. Пругата 26 години беше запоставена и низ неа немаше поминато воз. Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски сега најавува дека пругата ќе биде комплетно обновена и ставена во функција до крајот на 2016 година.

Моментално се одвиваат подготвителните работи. За 18 месеци очекуваме дека ќе биде комплетно рехабилитирана заедно со посебен крак кој ќе води до индустриската зона „Жабени“.

„Моментално се одвиваат подготвителните работи. За 18 месеци очекуваме дека ќе биде комплетно рехабилитирана заедно со посебен крак кој ќе води до индустриската зона „Жабени“. Работиме интензивно, ова е еден од круцијалните, капитални проекти на Владата на Република Македонија за овој регион. Едно се политичките прашања што ги имаме со Грција, но економските прашања се во добра динамика и секогаш има поле за разговор“, изјави Мисајловски.

Железничка станица во Битола.

Железничка станица во Битола.

Проектот чини 21 милион евра, средства обезбедни од ИПА фондовите, а во негови рамки ќе биде опфатенпостоечкиот коловоз долг 16,7 километри. Европската унија го избра Бугарскиот конзорциум за реконструкција на пругата, а активностите ќе опфатат промена на горниот и долниот строј, реконструкција на стојалиштето кај село Кравари, изградба и и рехабилитација на девет помали мостови и десет железнички премини, нова сигнална и телекомуникациска опрема. Кракот кон Жабени пак, ќе овозможи намалување на транспортните трошоци за узвозно-извозните фирми од регионот, кои ќе добијат полесен и побрз начин за поврзување со солунското пристаниште.

Цела оваа поврзаност ќе придонесе за еден побрз, поевтин и посигурен транспорт на сите оние стоки кои сакаат да ги испорачаат македонските компании на пазарите во Африка и Азија, а ќе значи и поевтини и подостапни суровини за македонските компании.

„Цела оваа поврзаност ќе придонесе за еден побрз, поевтин и посигурен транспорт на сите оние стоки кои сакаат да ги испорачаат македонските компании на пазарите во Африка и Азија, а ќе значи и поевтини и подостапни суровини за македонските компании“, вели Сашо Илковски, директор на индустриската зона „Жабени“.

Старата пруга била изграденаво 1894 година. Во текот на нејзиното славно минато во Битола со воз допатувале многу војници, патописци, конзули, па и историски личности, како поранешниот југословенски маршал Тито. Повозрасните железничари се присетуваат на времето во социјализмот кога со возот често се патувало од Битола за Лерин и обратно.

„Тогаш немаше визи. Луѓето секој втор-трет ден беа во Лерин, таму беше многу поевтино. За килограм потрокали патуваме до Лерин. Имаше голем соживот, луѓето многу живееја, а не како сега“, вели Томе Петров, кој 40 години работел во „Македонски железници“.

Пругата од грчка страна до граница е од поодамна реновирана, сега се очекува само македонскиот дел. Веќе е одлучено заедничка гранична станица да биде Кафкасос кај Меџитлија.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG