Достапни линкови

ОН го одложуваат укинувањето санкции врз Иран


Прослава во Иран за постигнувањето рамковен договор меѓу земјата и шесте светски сили.

Прослава во Иран за постигнувањето рамковен договор меѓу земјата и шесте светски сили.

Советот за безбедност на ОН соопшти дека најверојатно ќе го одложи укинувањето на санкциите врз Иран без разлика каков договор ќе биде постигнат со шесте светски сили за нуклеарната програма на земјата со цел да може американскиот конгрес прв да реагира.

Западни владини лица соопштија дека одложувањето е политички потребно, бидејќи Конгресот во кој доминираат републиканците упати критики за предлог договорот. Американскиот претседател Барак Обама во минатиот месец одобри мерка која на Конгресот му дава рок од 30 дена да го ревидира договорот пред да бидат укинати санкциите врз Иран.

XS
SM
MD
LG