Достапни линкови

Џеб Буш во обид да стане претседател на САД


Поранешниот гувернер на Флорида Џеб Буш

Поранешниот гувернер на Флорида Џеб Буш

Поранешниот гувернер на Флорида Џеб Буш објави дека ќе се обиде да стане кандидат на републиканците за претседател на Соединетите држави на изборите закажани за идната година. „Американците заслужуваат многу повеќе по осум години владеење на демократскиот претседател Барак Обама, им изјави на приврзаниците во Мајами, 62 годишниот Џеб Буш, инаку брат и син на последните двајца американски републикански претседатели . На неговото објавување на кандидатурата не учествуваа ни неговиот татко, ни неговиот брат. Претходно беше објавено логото на кампањата „Џеб“, односно во него не е содржано презимето Буш.

XS
SM
MD
LG