Достапни линкови

Москва: планот на САД за тенкови во Источна Европа опасен


Руското министерство за надворешни работи изрази надеж дека нема да се оствари американскиот план за стационирање тенкови и тешко оружје во земјите членки на НАТО кои граничат со Русија. „Се надеваме дека ќе можеме да спречиме нова воена конфронтација која би можело да има опасни последици“, се наведува во соопштението. Претходно „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на сојузнички извори, јави дека Вашингтон планирал да стационира тешка воена опрема во Балтичките и источноевропските земји како гаранција дека ќе биде одбиена секаква акција на Русија слична како онаа во Украина. Полска и Литванија потврдија дека разговарале со Вашингтон за разместување тенкови и тешко оружје.

XS
SM
MD
LG