Достапни линкови

Времето денеска: сончево со мала облачност


Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено наместа засилен западен и северозападен ветер. Кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста со услови за краткотрајни и ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, дневната од 29 до 36 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен северозападен ветер, а кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста. Утринската температура околу 17, а дневната до 32 степена.

XS
SM
MD
LG