Достапни линкови

Милијарди долари од европските мигранти до родните земји


Меѓународниот фонд за развој на земјоделството соопшти дека работниците мигранти во Европа во минатата година во своите родни земји вратиле околу 109 милијарди долари за поддршка на околу 150 милиони луѓе низ целиот свет. Во студијата на организацијата е наведено дека две третини од парите отишле во земји во развој, најчесто во Азија и Африка. Останатата третина била испратена до роднините на работниците мигранти, најчесто од Русија и западна Европа до посиромашните источно европски земји.

XS
SM
MD
LG