Достапни линкови

Партиска реторика која води подалеку од решение


Партиите со засилена реторика едни кон други. СДСМ уште кратко дава шанса за дијалог, а најавуваат и нови „бомби“. ВМРО-ДПМНЕ вели на избори народот ќе го „исфрли на клоци криминалното раководство на СДСМ од политиката.“

СДСМ дава уште краток период шанса за политички дијалог, рече денеска портпаролот на СДСМ Петре Шилегов на прес конференција, запрашан за тоа дали се уште важи договореното на 2 јуни во Скопје.

Кажавме дека ќе дадеме уште мал временски период шанса на политичкиот дијалог во оваа форма и во овој облик. Очигледно е дека дел од тие одредби во целост не се испочитувани. Основниот услов да поднесе оставка Никола Груевски и да биде формирана техничка влада којашто ќе ја води државата во транзицискиот период, не е исполнет.
Петре Шилегов, СДСМ.

„Кажавме дека ќе дадеме уште мал временски период шанса на политичкиот дијалог во оваа форма и во овој облик. Очигледно е дека дел од тие одредби во целост не се испочитувани. Основниот услов да поднесе оставка Никола Груевски и да биде формирана техничка влада којашто ќе ја води државата во транзицискиот период, не е исполнет“, вели Шилегов.

Тој рече дека во блиска иднина следуваат „бомбите“ за Монструм и, како што рече, СДСМ ќе продолжи со редовните активности, а за времето на одржување на прес конференциите, благовремено ќе известеле.

И ВМРО-ДПМНЕ синоќа одлучуваше за следните чекори. Тие порачаа дека се подготвени за избори кога и да се случат. Запрашан за коментар, Шилегов, рече дека на Македонија не и требаат брзи избори, туку фер и демократски избори.

Овој излив на фрустрации, како и пред секои избори, ќе трае до наредните избори, кога народот уште еднаш ќе им каже што мисли за нив и за нивниот начин на делување. Ако не се стигне до тогаш, сигурно ќе мора да одговорат на некои прашања пред инстиуциите на Република Македонија, пред истите оние со кои сега се силат и закануваат.
Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Такви избори во нашата држава може да има, ако и само ако Никола Груевски поднесе оставка и биде формирана преодна техничка влада којашто ќе создаде општи услови и атмосефра во нашата држава да бидат одржани фер избори. Не станува збор, во политиката, како мали деца да се фалиме кој од кого е посилен или како е посилен. Социјалдемократскиот Сојуз посакува избори, меѓутоа, не по теркот на Никола Груевски. СДСМ посакува, бара и инсистира на избори коишто ќе ги организира преодна влада со цел, да ја победи оваа политика на Никола Груевски и да оформи легитимна политичка влада во Македонија“, рече Шилегов.

Вечерва Извршен одбор на СДСМ ќе одржи седница на која како што вели Шилегов, тема ќе бидат тековните активности, како и брифирање на членовите на Извршниот одбор за процесот и текот на политичките разговори.

На денешната прес конференција партијата побара конкретни решенија за проблемот со мигрантите. Според Шилегов проблемот е сериозен и повеќедимензионален, а поради катастрофално лошите услови за живот на згрижените емигранти, власта на Груевски уште еднаш ја срами земјава во светот, рече Шилегов.

Од СДСМ посочуваат и на безбедносните ризици коишто се присутни со месеци, оти како што велат, границите се како швајцарско сирење, што е исклучително сериозен проблем.

На прес конференцијата на СДСМ, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Овој излив на фрустрации, како и пред секои избори, ќе трае до наредните избори, кога народот уште еднаш ќе им каже што мисли за нив и за нивниот начин на делување. Ако не се стигне до тогаш, сигурно ќе мора да одговорат на некои прашања пред инстиуциите на Република Македонија, пред истите оние со кои сега се силат и закануваат“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие бараат Петре Шилегов да се произнесе за неговите матни активности поврзани со неговиот имот и фирми.

„Криминалецот Заев има многу работи на кои ќе треба да одговора, a листата е навистина долга. Овој класичен рекетар и градоначалник збогатен преку криминал, има уште најмногу десет месеци на силење и излевање на фрустрации. Народот ќе ја преземе работата во свои раце и него и криминалната банда околу него ќе ги исфрли на клоци од политиката преку масовно и одлучно гласање против оние кои на власт сакаат да дојдат со манипулации и интриги, но и преку носење на власт од некои други, како што Заев вели во СМС пораките кон Мендух Тачи“, се наведува во реакцијата.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG