Достапни линкови

logo-print

Шведска најавува сослушување на Асанж


Џулијан Асанж

Џулијан Асанж

Шведското обвинителство соопшти дека сослушувањето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж поради наводните сексуални кривични дела ќе се одржи во наредните недели во Лондон. Главниот обвинител Мариан Ни изјави дека побарала дозвола од властите од Британија и Еквадор да се сретне со Асанж во просториите на амбасадата на Еквадор во овој или наредниот месец.

Асанж живее во амбасадата речиси три години со цел да избегне екстрадиција во Шведска. Тој формално не е обвинет, но е осомничен за силување, сексуално злоставување и принуда на две жени од Шведска кои ги сретнал во 2010 година. Асанж ги негира обвинувањата.

XS
SM
MD
LG