Достапни линкови

Николиќ-Нема да воведеме санкции врз Русија


Српскиот претседател, Томислав Николиќ

Српскиот претседател, Томислав Николиќ изјави денеска дека неговата земја ќе ја задржи неутралната позиција во судирот меѓу Европската унија и Русија. Според него, Србија никогаш нема да воведе санкции против Русија, бидејќи тоа не е начин за разрешување на кризата. Тој во разговор со Алексеј Кушков, претседател на Надворешно политичкиот одбор на руската Дума изразил надеж и дека ЕУ и Русија набрзо ќе ги надминат своите несогласувања и ќе воспостават односи какви што имале пред кризата во Украина.

XS
SM
MD
LG