Достапни линкови

logo-print

ИК на ВМРО ДПМНЕ со нови членови


ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница на Централниот комитет во Охрид, избра нов состав на Извршниот комитет. Во новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ има десет нови имиња, а Емил Димитриев е повторно избран за генерален секретар на партијата. Во новиот Извршен комитет на партијата се избрани професорот на Економски факултет во Прилеп Никола Димески, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, професорот од Машинскиот факултет Христијан Мицковски, доктор Александар Митов, градоначалникот на Општина Новаци Лазар Котевски, претседателот на Градскиот комитет на унијата на млади сили од Скопје Лука Кржаловски.

Во новиот состав на ИК на ВМРО-ДПМНЕ има и претставник од Струга, тоа е Никола Затуровски, директор на средното училиште Нико Нестор. За член на ИК на Партијата е избрана и Дафина Стојановска Ивановска од Гостивар, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Гостивар.

Нов член на ИК е и магистер по електро-технички науки Горан Јандреоски од Скопје, како и магистер по дефектолошки науки Нермин Телоска. Во новиот состав на ИК на партијата остануваат да членуваат Мартин Протуѓер, Никола Тодоров, Никола Поповски, Зоран Ставревски, Сашо Мијалков, Владимир Пешевски, Гордана Јанкуловска.

Во Извршниот комитет членови се и потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски од Кичево, координаторот на пратеничката група Илија Димовски од Велес, пратениците Зоран Георгиевски од Куманово, Силвана Бонева од Струмица, Зоран Илиоски од Битола и Владимир Ѓорчев. Во новоизбраниот состав на ИК на ВМРО-ДПМНЕ членуваат и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, Миле Јанакиески и претседателите на Униите на жени и млади, Даниела Рангелова и Владимир Нелоски. И во овој состав на ИК на партијата повторно се избрани пратениците Нола Исмајлоска и Фатмир Имероски.

XS
SM
MD
LG