Достапни линкови

Романскиот претседател со критика до премиерот


Романскиот претседател Клаус Јоханис

Романскиот претседател Клаус Јоханис

Романскиот претседател Клаус Јоханис изјави дека тој не знаел оти премиерот Виктор Понта ќе присуствува на Европските игри, кои ги бојкотираат повеќето лидери од земјите членки на ЕУ поради загриженоста за состојбата со човековите права во Азербејџан. Понта беше во посета на Баку на 12 јуни и на отворањето на игрите присуствуваше заедно со рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Јоханис присуството на Понта го нарече гаф во надворешната политика на Романија.

XS
SM
MD
LG