Достапни линкови

Помирувањето на Балканот е процес кој допрва ќе следи


Предавањето на студените во Битола на тема „Национално помирување“.

Предавањето на студените во Битола на тема „Национално помирување“.

Политиката на овие простори е голема пречка за помирувањето, но голем придонес за тоа во последно време дава невладиниот сектор, вели професорката Ан Базен од Факултетот за политички науки во Лил, Франција.

Помирувањето меѓу народите на Балканот е процес кој допрва треба да започне, беше истакнато на предавањето на студените во Битола на тема „Национално помирување“, организирано од Француската амбасада, Францускиот институт во Скопје и други институции.

Јас сепак сум оптимист дека помирувањето е сепак возможно, дури иако долго време како народи живееме еден до друг без да бидеме помирени. Политичкиот контекс претставува голема пречка во однос на помирувањето.

Професор Горан Илиќ од Правниот факултет во Битола, истакна дека постојат иницијативи за помирување на Балканот, кои во иднина ќе треба да се интензивираат.

„Помирувањето во пошироката академска литература уште се нарекува и реконсолизација. Во интерес на тоа постои регионална иницијатива помирување во регионот, потписник е и претседателот на државата, Ѓорге Иванов. Вакви предавања со студенти ќе дадат дополнителни сознанија за проблематиката на помирувањето, зашто Балканот се уште е подрачје каде помирувањето не е завршено, тоа е процес кој штотуку треба да започне“, изјави Илиќ.

На предавањето присуствуваше и Ан Базен, професор и истражувач од Факултетот за политички науки во Лил, Франција, експерт за политички конфликти. Според неа, политиката на овие простори е голема пречка за помирувањето, но голем придонес за тоа во последно време дава невладиниот сектор.

„Јас сепак сум оптимист дека помирувањето е сепак возможно, дури иако долго време како народи живееме еден до друг без да бидеме помирени. Политичкиот контекс претставува голема пречка во однос на помирувањето. Граѓанското општество во Македонија е доста активно и богато, постојат многу активни организации кои се вклучени во овој проценс на приближување, иако тоа е на микро план , сепак тоа е солидна база за продолжување на проецеот на помирување. И медиумите играат голема улога во процесот на овозможување на простор за размена на информации и дијалог меѓу граѓани од различните заедници.“

За разлика од Балканот каде на помирувањето треба допрва да се работи, развиените европски земји, кои во минатото биле и лути ривали во војните, веќе се помириле.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG