Достапни линкови

ЦЕИ-Западен Балкан има иднина во ЕУ


Сите земји од Западен Балкан имаат иднина во ЕУ, која мора да биде заокружена со една јасна временска рамка и која се очекува да биде потврдена на следната Виенска конференција во август. Тоа е заклучокот на министрите за надворешни работи на шесте земји од Западен Балкан, Австрија и Италија на состанокот на земјите членки на Централно европската иницијатива – ЦЕИ во Охрид. Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски изјави дека ја нагласиле важноста за временската рамка бидејќи била упатена порака оти на краток рок ниту една од земјите во регионот нема да влезе.

Според него, мора да има некаква рамка за кога може да се очекува земјите да се приклучуваат кон ЕУ со што ќе се зголеми и физибилноста на таа идеја. Попоски информира дека на средбата разговарале и за миграцискиот феномен со кој се соочуваат сите земји од регионот, како и за инфраструктурното поврзување во регионот.

XS
SM
MD
LG