Достапни линкови

logo-print

Спасувачка акција за исчезнатите во Грузија


Спасувачките тимови во главниот град на Грузија, Тбилиси продолжуваат со потрагата по исчезнатите луѓе и животни по поплавите кои ја погодија земјата и ја оштетија зоолошката градина. Директорот на зоолошката, Зураб Гуриелидзе изјави дека ниту една од жртвите не била убиена од животните кои се ослободиле од кафезите по поплавите. Тројца вработени во зоолошката се удавија. Меѓу животните кои избегаа има лавови, тигри, мечки и волци. Некои од животните меѓу кои и еден нилски коњ беа вратени во зоолошката градина.

XS
SM
MD
LG