Достапни линкови

logo-print

Во Јужна Кореа уште една жртва од заболувањето МЕРС


Во Јужна Кореа починал уште еден заболен од заразната болест која ги напаѓа органите за дишење, а е позната по кратенката МЕРС. Со тоа бројот на жртвите од ова смртоносно заболување во Јужна Кореа порасна на 16. За прв пат таа таму беше забележана пред еден месец. Не постои вакцина за МЕРС а нејзината смртност, според Светската здравствена организација, е околу 36 проценти.

XS
SM
MD
LG