Достапни линкови

Молдавците на локални избори гласаа меѓу Европа и Русија


Молдавците вчера гласаа на локални избори за кои се сметаат како своевиден тест дали земјата е посветена на европската интеграција или ќе бара потесни врски со Русија. Два дена претходно проевропскиот премиер Кирил Габуричи поднесе оставка откако под сомневање беше ставена автентичноста на неговата средношколска диплома, како и универзитетското образование. Одѕивот на околу 2 милиона и 800 илјади гласачи беше 49 насто. Според првичните резултати за градоначалник на главниот град Кишињев води прорускиот социјалист Зинаида Гречеани.

XS
SM
MD
LG