Достапни линкови

Воздушен напад на САД врз позиции на ИД во Либија


Американската војска соопшти дека еден од лидерите на исламските милитанти Моктар Белмохтар бил цел на воздушен напад во Либија. Пентагон прецизира дека нападот бил изведен во саботата, но не јави дали притоа Белмохтар бил убиен. Меѓународно признатата влада на Либија соопшти дека тој и неколкумина други милитанти на Ал Каеда загинале за време на операцијата. Либија е во хаос од отстранувањето на лидерот Муамер Гадафи во 2011 година.

XS
SM
MD
LG