Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ подготвена за избори во кој било термин


Подготвени сме за избори во кој било термин до април како што беше договорено и потпишано на 2 јуни. ВМРО-ДПМНЕ како партија секогаш се базира и ги темели своите активности на поддршката од граѓаните, изјави координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски пред почетокот на седницата на Централниот комитет што вечерва се одржува во Охрид.

Тој истакна дека на седницата ќе бидат разгледани сите аспекти на политичката состојба во државата и оти ќе бидат донесени заклучоци за кои јавноста ќе биде дополнително информирана.

„Влегуваме во една фаза во која очигледно е дека СДСМ има намера и желба да го поништи договорот од 2 јуни потпишан меѓу партиите. Бараат начин како да ги блокираат сите обврски што ги преземале партиите“, оцени Димовски.

XS
SM
MD
LG