Достапни линкови

logo-print

СДСМ и партнерите: Влада без Груевски за фер избори


Преодна Влада во којашто нема да учествува Никола Груевски е основен принцип за да може да се гарантираат минимални услови за организирање на фер и демократски избори во Република Македонија. Само на тој начин ќе може да се стабилизираат институциите, да се нормализираат состојбите и да се вратат механизмите на контрола во општеството за конечно граѓаните слободно да ја искажат својата волја на демократски избори, е заедничкиот став на СДСМ, коалиционите партнери и партиите со коишто соработуваат.

Денеска тие одржале состанок на кој Заев ги запознал присутните со тоа каков бил текот на лидерската средба одржана во Брисел, под покровителство на Европската унија.

На состанокот заеднички било констатирано дека можностите за продолжување на разговорите, на принципиелно и рамноправно ниво, може да се разгледуваат уште многу кратко време, стои во соопштението.

На состанокот се размениле и мислења за понатамошни активности и делување на опозицискиот блок. Во духот на демократските принципи и вредности консултациите ќе продолжат со граѓанските организации, граѓанските активисти и поддржувачи, како и во рамки на самите партии, стои во соопштението.

XS
SM
MD
LG