Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ одлучува за следните чекори


Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Охрид ќе одржи седница, на која, како што е најавено, треба да се донесат одлуки за следните чекори на партијата во однос на актуелната политичка криза, пишуваат домашните медиуми. На дневен ред на седницата треба да се најде и прашањето за одржување предвремени парламентарни избори, кои според договорот од 2 јуни, треба да се одржат до април следната година. Вчера премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски рече дека партијата во секој момент е подготвена за избори.

XS
SM
MD
LG