Достапни линкови

logo-print

Јужна Африка не му дава на суданскиот претседател да си оди


Суданскиот претседател Омар ал-Башир

Суданскиот претседател Омар ал-Башир

Судот во Јужна Африка издаде наредба со која се спречува суданскиот претседател Омар ал-Башир да ја напушти земјата каде што присуствуваше на самит. Башир ќе мора да остане во Јужна Африка додека судот да одлучи дали ќе го предаде на Меѓународниот кривичен суд. Сослушувањето е закажано за денеска. Башир присуствуваше на групното фотографирање на самитот на лидерите на земјите од Африканската унија и покрај повиците за негово апсење. Според ОН, во конфликтот во Дарфур во Судан што почна во 2003 година биле убиени најмалку 300 илјади луѓе.

XS
SM
MD
LG