Достапни линкови

Решавачки дуел со Чешка од ракометните квалификации


Македонската ракометна селекција попладнево во СЦ „Борис Трајковски“ против Чешка го игра решавачкиот натпревар за пласман на Европското првенство во Полска. По петте одиграни натпревари и двете селекции имаат по 5 бодови и во директен дуел ќе решаваат за второто место во групата. Натпреварот Македонија - Чешка почнува во 17:45 часот, а на вториот дуел од нашата група вчера Франција ја победи Швајцарија со 31:23 и со максимални 12 бода го освои првото место во групата. Победникот од дуелот во Скопје ќе го освои второто место, додека нерешен резултат до 27:27 ѝ одговара на Македонија, а доколку биде со повеќе голови (на пример 28:28 и повеќе) ќе биде во корист на Чешка.

XS
SM
MD
LG