Достапни линкови

logo-print

Протест на Беса за оставки на владата


Неколку стотина граѓани, на повик на политичкото движење Беса, денеска излегоа на протест во Паркот во скопски Чаир. Учесниците бараат оставки на владата.Демонстрантите носат албански знамиња. Организаторите велат дека се работи за сеалбански протест на кој „се бара оставка од владата на Груевски и Ахмети, расветлување на сите албански вистини во Македонија и нов договор во државата“. Предвидено е протестниот марш да заврши кај мостот „Гоце Делчев“, од каде ќе се упатат пораки и ќе се одржат неколку говори. На маршот присуствуваа и граѓани од другите градови кои организирано со автобуси пристигнаа во Скопје.

XS
SM
MD
LG